Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прелиминарна истрага на Обвинителството за пожарите на Родос

Обвинителството Родос ќе спроведе прелиминарна истрага за пожарите што се веќе осми ден активни на островот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот „Димократики“ од Родос, ќе треба да се истражи дали се работи за организиран план за подметнување пожар или за предизвикување шумски пожар од небрежност, на пример, поради неконтролирано фрлање или палење смет или друга човечка активност. 

Обвинителот, како што пишува весникот, ставил јасно до знаење дека во оваа фаза најважно е гаснењето на пожарот и дека нарачаните дејствија ќе бидат спроведени со апсолутен приоритет по завршување на акцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново