Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Зад протестите на пензионерите стои ВМРО-ДПМНЕ за да направи хаос во општеството

Ако погледнеме низ градовите каде што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родителите на високи функционери во ВМРО – ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијата, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во гостувањето во утринската програма на МРТ.

-Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите туку дека зад овие протести стојат токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството, како што и впрочем години наназад работат да направат хаос во државата. Зошто велам хаос, затоа што ќе се навратам на 2022 година кога всушност бев избрана за министерка и првата работа со која се зафатив како министерка токму беше да воспоставиме системско решение за постојан раст на пензиите, вели Тренчевска.

Според министерката, решението е во новата методологија која го следи растот на инфлацијата, на трошоците на живот и растот на просечната плата и којашто гарантира дека растот на пензиите нема да биде условен од ниту една Влада.

– Тоа е систем којшто ќе значи постојан раст на пензиите дваати во годината, секој март и септември раст на пензиите. За 2022 година откако ја воспоставивме оваа методологија, пензиите се покачени вклучително и она усогласување од 2,9% се покачени 24%. За една година и неколку месеци. Што никогаш порано, никогаш досега пензиите не биле покачени толку. Од 9.000 денари во март 2022 година до денес 12.500 денари, во септември ќе има уште едно усогласување, повторно покачување на пензиите, ќе пораснат на 13.000 денари. Некаде за 4.000 денари имаме покачување на минималната пензија за година и шест месеци, истакна Тренчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен