Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еден загинат во пожарот во областа Виотиа во централна Грција

Едно лице го загуби животот во пожарот што кусо пред девет часот утрово избувна во областа Виотиа во централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според противпожарната служба на Грција, мажот бил пронајден во бачило во селото Продромос, а грчката новинска агенција објави дека станува збор за овчар на околу 80-годишна возраст, кој го загубил животот во обид да ги спаси неговите животни, откако претходно добил пораката за пожарот од бројот 112 за итни случаи.

Од конкретниот број, беа испратени две пораки едната жителите на Продромос да бидат на во состојба на готовност, а другата за евакуација на една од плажите што се во близина.

Заменик- градоначалник на Тива Анастасиос Камуцис за грчката телевизија ЕРТ рече дека огнената стихија веќе е стигната до едно населено место.  

Пожарот, поради силниот ветер брзо се шири, а интервенираат пожарникари, како од копно така и од воздух.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново