Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британско разузнавање: Иако Путин одлично плаќа, сè уште му фалат доброволци

Во најновиот разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Велика Британија тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна по почетокот на инвазијата на Русија минатиот февруари.

„На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно. До ноември 2022 година најави дека дури и мобилизираните војници ќе добиваат по 195.000 рубљи месечно. Многу помлади рангови кои служат во Украина сега имаат повеќе од 200.000 рубљи месечно (околу 2.000 евра). Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална плата од 72.851 рубљи“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

„За споредба, 2,7 пати, просечната плата во Обединетото Кралство би изнесувала повеќе од 90.000 фунти годишно. Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за вработените да се приклучат, особено тие од посиромашните области на Русија. Меѓутоа, Русија сè уште веројатно нема да ги исполни своите цели за регрутирање доброволци“, додаваат тие.

Рускиот претседател нареди делумна мобилизација минатиот септември за зајакнување на руските сили. Тогаш беше објавено дека Русија планира да повика околу 300.000 резервисти, односно луѓе кои поминале воена обука и, како што нагласи Путин, имаат специјалистички вештини кои и се потребни на руската армија во војната во Украина. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен