Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лајчак: Задоволство што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифатило предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни.

„Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, објави Лајчак на Твитер.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека во понеделникот во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бислими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ.

Вучиќ синоќа по средбата со Лајчак на Инстаграм напиша дека имале „отворен и пријателски разговор“.

Зачлени се на нашиот е-билтен