Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бродот „Оушен вајкинг“ спаси 68 мигранти во Средоземно Море

Бродот „Оушен вајкинг“ најмен од невладината организација СОС Медитеран утрово спаси 68 мигранти во меѓународни води во близина на Либија.

Спасувачката акција уследи откако дрвениот брод почна да тоне. Мигрантите синоќа тргнале од Зуару во Либија.

Италијанските власти на и го отстапија на ССО Медитеран пристаништето во Анкона за да истоварува мигранти. Но, невладината организација наведува дека пристаништето е оддалечено 1.560 километри или четири дена пловидба од зоната на операции.

Според СОС Медитеран има голема потреба од потрага и спасување на мигранти во Средоземно Море. 

Зачлени се на нашиот е-билтен