Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Опозицијата во собранието на град Белград побара оставка на градоначалникот Шапиќ и вонредни градски избори

Оставка од градоначалникот на Белград Александар Шапиќ и вонредни градски избори побараа денеска пратениците на опозицијата во градското собранието, јави дописникот на МИА од Белград.

-Оставка, оставка…избори, извикуваа советниците при излагањето на Шапиќ.

Шефот на собраниската група на коалицијата НАДА во градското собрание на Белград, Марко Шариќ изјави дека целиот избор на градскиот парламент во 2022 година бил нелегитимен.

-Претседателот (Александар Вучиќ) во неколку наврати најави дека изборите во Белград ќе се одржат веднаш штом тоа ќе го побараат сите опозициски партии. Еве, сега е тој момент. Сите опозициски партии бараат избори за градот Белград. Се надевам дека Вучиќ ќе го одржи ветувањето, заврши Шариќ.

Шапиќ изјави дека не гледа причина повторно да не биде градоначалник доколку има вонредни избори во Белград.

-Не гледам причина да не бидам повторно градоначалник. Сега дали тоа ќе биде со СНС или со некоја друга коалиција, можеби со поддршка на целото владејачко мнозинство. Ако има предвремени избори, јас го очекувам тоа и не гледам причина зошто тоа да не се случи. Дали на сите им е полесно кога имате целосен мандат, да, но новите белградски избори се за опозицијата тема од првиот ден од мојот мандат, изјави Шапиќ на новинарите пред почетокот на седницата на Градското собрание.

Тој додаде дека ќе се одржат вонредни белградски избори доколку се оцени дека тоа треба да се случи.

-Ние сме апсолутно подготвени за избори, секогаш сме подготвени и секогаш ќе бидеме. Сè што направивме ни дава целосно право да веруваме дека граѓаните на Белград ќе можат да го препознаат тоа, рече тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека до крајот на овој месец ќе одговори на барањата на опозицијата за вонредни парламентарни избори и избори за градот Белград, за кои, оние за град Белград, можат да се одржат под услов градоначалникот Шапиќ да даде оставка. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново