Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Остин во Германија: Да помогне во напорите на Украина да ја одбрани својата нација од руската агресивна војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во воздухопловната база Рамштајн, Германија каде утре ќе претседава со 15-от состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

Ќе се сретнам со коалициските партнери од речиси 50 земји за да разговарам за тековната војна во Украина, за безбедносната помош и да ја зголемиме нашата поддршка за Украина во нејзината борба за одбрана на нејзиниот суверенитет, напиша Остин на платформата Х.По неговото пристигнување во Германија тој истакна дека „оваа коалиција на земји се здружува во критично време и ја нагласува непоколебливата решеност на меѓународната заедница да им помогне на напорите на Украина да ја одбрани својата нација од руската агресивна војна“.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров се очекува да ја одржи својата прва тет-а тет средба со Остин.

Г. Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен