Патрушев: Во октомври во Пекинг ќе се одржи средба меѓу лидерите на Русија и Кина

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, ќе имаат средба во Пекинг во октомври, кога ќе имаат детални билатерални разговори како дел од нивното учество на меѓународниот форум „Појас и пат“, соопшти денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

На средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Москва, Патрушев рече дека Русија и Кина имаат еднакви или блиски ставови за фундаменталните прашања на современиот светски поредок и клучните меѓународни проблеми .

– Зборуваме и за основниот принцип на еднаква и неделива безбедност, рече Патрушев и посочи дека Москва го поддржува Пекинг за прашањата на Тајван, Синџијанг, Тибет и Хонг Конг. 

Претходната средба на Путин и Си беше во март, годинава во Москва. 

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?