Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски пред Бајден и Лавров во Њујорк ќе ја претстави својата визија за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обратат пред светските лидери собрани во седиштето на Обединетите нации на првиот ден од Генералното собрание на таа организација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, иранскиот премиер Ебрахим Раиси и германскиот канцелар Олаф Шолц се исто така меѓу оние што ќе говорат на 78-то Генерално собрание во Њујорк во вторник.

Неделава почна вчера со самитот на Обединетите нации за целите за одржлив развој. Од денеска говор ќе одржат повеќе од 140 премиери и шефови на држави.

Зеленски, кој присуствува на настанот во Њујорк за прв пат од почетокот на војната, најверојатно ќе привлече најголемо внимание – и ќе присуствува на голем број состаноци.

Војната на Русија против Украина, која започна во февруари 2022 година, најверојатно ќе игра важна улога во многу говори во ОН.

Зеленски пристигна во Њујорк вчера попладне со неговата сопруга Олена.
Тој на социјалните мрежи напиша дека „ќе презентира конкретен предлог до членките на ОН за тоа како да се зајакне принципот на територијален интегритет и да се подобри капацитетот на ОН за спречување и запирање на агресијата“.

Тој, исто така, истакна дека ќе се сретне со Бајден во Вашингтон подоцна во текот на неделава, заедно со членовите на Конгресот и военото раководство.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Генералното собрание, а како и минатата година кога тој не присуствуваше, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде негов полномошник на состанокот во Њујорк. 

Зачлени се на нашиот е-билтен