Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руското МНР со пораки кои се директно мешање во внатрешните работи на Косово

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, упати пораки кои се директно мешање во внатрешните работи на Косово.

Русија не гледа можност за долгорочно стабилизирање на ситуацијата на Косово и Метохија, поради поттикнувачката политика на САД и Европската унија, изјави Грушко, пренесува МИА.

„Нема изгледи за долгорочна стабилизација. Косовскиот лидер Курти, кој одржува тензии на теренот и ги протерува Србите, смета дека неговите шефови, Вашингтон и Брисел, дополнително ќе го зголемат притисокот врз Белград, барајќи признавање на регионот кој прогласи независност кршејќи ја резолуцијата 1244 на ОН“, соопшти Грушко.

Според него, „реакцијата на Западот на провокациите на Косово е бавна и непринципиелна“. „А тоа само го убедува Курти дека таквата тактика на крајот ќе донесе резултати“, заклучува Грушко.

Во селото Бањска, во општина Звечан на северот на Косово, ноќта меѓу саботата и неделата во судир меѓу група вооружени локални Срби и припадници на косовската полиција животот го загубија еден полицаец и тројца Срби од Косово.

Зачлени се на нашиот е-билтен