Едно лице загина при експлозија во магацин во Ташкент. Во инцидентот повредени се 163 лица, а 24 од нив се пренесени во болница, соопшти денеска Министерството за здравство на Узбекистан.
Во објавата на каналот на Министерството на апликацијата Телеграм, се прецизира дека починатото лице било малолетно, пренесува ДПА.
Експлозијата се случила во царинска барака во станбена зона во близина на аеродромот во градот. Причината засега е непозната. Властите покренаа истрага за можно прекршување на прописите за пожари.
Жителите преку социјалните мрежи објавија дека експлозијата искршила прозорци во десетици станбени блокови и дека се слушнала километри подалеку. Можеле да се забележат и облаци од чад.