Најмалку седум лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 6 часот утрово по локално време.
Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Брза помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот.
Четворица се во болница поради вдишување чад.
Не е јасно што го предизвикало пожарот, што избувнал додека во клубот имало уште многу луѓе.