Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амнести интернешнал апелира до Пакистан да не ги депортира авганистанските бегалци

 Меѓународната организација Амнести интернешнал го повика Пакистан да продолжи да ги поддржува авганистанските бегалци, овозможувајќи им да живеат достоинствено и без страв од депортација.

Пакистан претходно издаде наредба неколку стотици илјади Авганистанци кои живеат илегално во земјата да ја напуштат до 1 ноември, во спротивно ќе бидат вратени во земјата на потекло.

Присилното враќање на бегалците во Авганистан може да ги стави во „сериозен ризик“, се вели во соопштението на Амнести.

„Авганистанците во Пакистан бегаат од прогонот од талибанците. Тие живеат крајно несигурен живот и мора да поминат низ напорни процеси за да се регистрираат како бегалци во Пакистан или се заглавени во долги процеси кои чекаат да бидат преселени во друга земја“, рече регионалната заменик директорка на Амнести за истражување во Јужна Азија, Надија Рахман.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид исто така реагираше на соопштението на Пакистан како неприфатливо и го повика Исламабад да ја преиспита одлуката.

Бегалците од Авганистан живеат во Пакистан од советската окупација од 1979 до 1989 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново