Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Првично беше објавено дека земјотресот бил со интензитет од седум степени, а подоцна беше коригирано.
Земјотресот бил на длабочина од 53,5 километри, а епицентарот бил на 56 километри од градот Маданг.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.