Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Развиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени

Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени.

Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој.

Станува збор за најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за помош на сиромашните земји за намалувањето на емисиите на гасови, соочувањето со влијанието на климатските промени и поттикнувањето на нивниот премин кон чиста енергија.

Зачлени се на нашиот е-билтен