Портпаролот на Хамас, Гази Хамад за Би-би-си изјави дека екстремистичката организација има поддршка од Иран за вчерашниот ненадеен напад врз Израел.
Техеран ги поддржува Хамас и палестинскиот исламски џихад, како и либанската екстремистичка организација Хезболах
Според најновите информации од израелското Министерство за здравство при нападите на Хамас загинале најмалку 300 Израелци, а десетици се киднапирани. Во израелските болници хоспитализирани се приближно 2.000 луѓе, од кои 19 се во критична здравствена состојба.
Додека според палестинското Министерство за здравство при израелските напади врз Појасот Газа загинале вкупно 313 Палестинци, а околу 2.000 се повредени.