САД ќе му обезбедат муниција и опрема на Израел и ќе ги зајакнат американските сили на Блискиот Исток како одговор на нападите на палестинската милитантна група Хамас, соопшти денеска Пентагон.
„Владата на САД брзо ќе им обезбеди на израелските одбранбени сили дополнителна опрема и ресурси, вклучително и муниција“, наведе американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во соопштение.
Шефот на американската одбрана, исто така, рече дека го упатил USS Gerald R. Ford, носач на авиони, и неговите придружни воени бродови кон источниот Медитеран, и дека Вашингтон ги зголемува ескадрилите на борбените авиони во регионот.