– Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска е реизбран за премиер на земјата, откако ја доби поддршката од мнозинството парламентарци.
Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската Влада го поддржаа 179 пратеници, а 171 беа против, пренесува шпанскиот весник „Паис“. На гласањето немаше воздржани.
Денешното гласање следеше по речиси дводневната дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусираше на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката за реизбор за функцијата премиер на Шпанија.