Катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и стравичните информации што доаѓаат од таму, ја отворија дилемата за тоа колку се безбедни зградите во Македонија, особено во Скопје, каде урбанизацијата и е најголема.
Во јавноста веќе две децении деценија постои сомнеж дали зградите, особено оние поновите се соодветно испитани и дали истите се сеизмички безбедни.
Во стручната јавност исто така постојат сериозни сомнежи затоа што според праксата, надзорот на градбите најчесто ја вршат мали приватни фирми, а чести се сведоштвата дека надзорот дава согласност без и да се отиде на терен каде што зградата се гради, а чести се случаите каде фирмите кои градат и кои вршат надзор на една зграда се мајка – ќерка фирми или фирми на блиски роднини.
Можеби тоа биле дел од причините што во 2017 година биле одземени лиценците на 14 такви компании, но оттогаш нема ново одземање на лиценци.
Дека треба дополнителен механизам апелира и стручната јавност.
Тоа го смета и Влатко Шешов, директорот на ИЗИИС – Институтот за земјотресно инженерство кој врши проверки на терен за градби над 300 квадратни метри.
Тој во изјава за емисијата 360 степени вели дека постојат случаи каде при извршен увид, увидено е дека при изградба на објекти, истите не ги задоволуваат потребите од бетон, по што градбата се стопира.
Но според него, поголем потенцијален проблем се околу 200.000 легализирани дивоградби и доградби кои се легализираат со оскудна документација со што објектот се става во легална употреба, а нема никаков проект кој би ги поминал соодветните контроли.
И додека последиците од земјотресите во Турција и Сирија ја разбрануваа и вознемирија домашната јавност, во Скопје и другите градови забрзано продолжува изградбата на згради и доградби за кои ретко кој знае колку навистина се сеизмички безбедни.
Сепак, истовремено од фирмите градители на највисоките згради во државбава – Џевахир Скај Сити стигнува уверување дека нивните кули се безбедни при земјотреси, за што биле направени и соодветни тестирања уште во 2016 година.
-Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија изврши тестирање на сеизмичката стабилност на кулите во Џевахир Скај Сити комплексот. Тестирањето со техника на принудни и амбиент вибрации симулираше земјотрес од околу 4 степени, а преку поставените 200 мерни точки на една од 40 катниците на Џевахир се доби прецизна геометриска слика за движењето на зградата под дејство на вештачкиот земјотрес, стои во објавата на Џевахир Скај Сити.
(24Инфо)