Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е неутрализиран дрон со експлозив насочен кон зградата на албанската влада.
„Пред два дена, беше неутрализиран дрон со експлозив кој беше планиран да ја погоди зградата на владата и да го запали внатрешниот двор“, рече Рама за време на обраќањето во живо на својата Фејсбук страница.
Тој нагласи дека ниту еден студент не би помислил да спроведе таков план и додаде дека во сè е вклучена „странска рака“.
Тој рече дека зад протестите стои странско влијание, директно споменувајќи ја можната вмешаност на Иран.
За потсетување, во Тирана веќе со денови траат насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите, а албанскиот премиер Еди Рама го осуди присуството на „странски раце“ зад бранот протести, за кои тврди дека имаат за цел да го спречат пристапувањето на Албанија во Европската унија (ЕУ).
