Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МВР и ОЈО: Вања е киднапирана во влезот на зградата, се утврдува инволвираноста на таткото, првоосомничениот Љ.П. во бегство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена по што е запалено возилото. 

Како што појасни Спасовски, возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември кога е киднапирана Вања. 

Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје. 

На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија. 

Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана во влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување. 

-Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

null

Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него се врши распит и по комплетирање на исказот ќе бидат преземат мерки по насока на Јавното обвинителство. 

Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „цитроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето. 

– Со тоа возило е одземена малолентичката и тоа во влезот од зградата каде живееле отако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзинот излегување, рече Спасовски. 

Министерот изрази сочуство до семејствата на убиените и најави дека лицето кое е во бегство, а го има извршено убиството на Вања, ќе биде изведено пред лицето на правдата.  

Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски – Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград, а потоа во Бугарија. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново