Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик го поврзува регионот во духот на европските вредности

„Македонскиот јазик го поврзува регионот во духот на европските вредности“, истакнува на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во пораката со која ја поздравува одлука на Универзитетот во Тирана и официјално да се активираат воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура.

„Изучувањето на македонскиот јазик е уште една убава вест за нас и за промоцијата на македонските културни обележја надвор од нашите граници. Тоа е пример за вистинска соработка помеѓу двете држави, кои преку уважување на различностите ја зајакнуваат заедничката европска визија на патот кон членството во ЕУ“, нагласува во објавата министерката за култура.

Таа потенцира дека „задоволството е уште поголемо имајќи го предвид фактот дека настава на македонски јазик веќе има на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча“.

„На сите студенти им посакувам успех во учењето на нашиот прекрасен јазик и запознавање со македонската култура. Тие се уште една нераскинлива врска во искрените пријателски односи со Република Албанија“, напиша во објавата на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска по повод активирањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот во Тирана.

Зачлени се на нашиот е-билтен