Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Михаилоски: Нека не ве лаже Апасиев, извадете си Европска младинска картичка за над 400 попусти низ Македонија

Лидерот на младината на СДСМ Марко Михаилоски денеска објави ново видео со кое овој пат го разобличува тврдењето на Апасиев дека наводно немало попусти за студенти со картичките за попусти низ Македонија.

Михаилоски на Апасиев ја спротиставува Европската младинска картичка и ги повикува сите млади да извадат картичка за над 400 попусти низ целата држава.

Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек во државата, на возраст од 15 до 29 години. Аплицирањето за картичката е онлајн, преку апликација во која корисникот ги внесува личните податоци.

Со користење на картичката, велат од Агенцијата за млади и спорт,  младите имаат поволности и попусти во разни сектори, и тоа: угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки за стручни вештини итн.

Зачлени се на нашиот е-билтен