Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Смит: Путин длабоко го потцени меѓународното заедништво кое испрати силна поддршка за Украина

Тешко е да се додаде на нешто што беше кажано и гледајќи ги жртвите досега, затоа што Украина трагично влегува во втората година како живее под руско бомбардирање, рече заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство, Jулиja Смит на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-Велам дека ние ги чуваме во срцата и мислите Украинците во овие ужасни времиња во нивната историја. Го цениме решеноста и отпорноста и стручноста на украинската армија која што ја турна Русија подалеку од тоа што очекуваше Путин, кој длабоко го потцени меѓународното заедништво кое испрати силна поддршка за Украина, додаде таа.

Смит додаде дека Обединетото кралство, втора после САД е главен донатор во одговорот на кризата со вкупната хуманитарна економска поддршка од околу две милијарди евра.

-Велика Британија издаде 300 илјади визи за луѓето кои бегаат од конфликтот во Украина, а ќе бидат издадени уште, рече  Смит.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново