Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на земјата кон ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идна влада, но повторува дека очекува спроведување на овие измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ.

Пред почетокот на панел-дискусијата „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, која се одржа денеска во ЕУ-Инфо центарот, во одговор на новинарско прашање дали ваквиот услов ќе значи вовед во политичка криза, рече дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го продолжи патот на земјава кон Европската унија.

– Ние сме во среде изборна кампања и не одговорам на прашања за политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени, кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро, рече Гир.

Зачлени се на нашиот е-билтен