Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина ја обвини Русија дека сака да ја прошири зоната на судири

По вчерашниот инцидент со руските ловци и американскиот дрон над Црното Море, Украина денеска ја обвини Москва дека се обидува да ја „рашири“ војната во Украина и во други региони.

„Инцидентот со американскиот дрон „MQ-9 Reaper“, што Русија го предизвика во Црното Море, покажува дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја прошири зоната на конфликтот и да вклучи и други страни“, напиша на Твитер, Олексеј Данилов, секретар на украинскиот Совет за безбедност.

Русија ја користи тактиката „сè е ставено на коцка“, во согласност со „константното зголемување на влогот“, напиша Данилов.

САД вчера соопштија дека руски воени авиони над Црното Море пресретнале и оштетиле американско беспилотно летало „Reaper“, што предизвикало негово уривање.

Русија негира и тврди дека нејзините воени авиони не стапиле во контакт со американскиот дрон што се урна во Црното Море, соопштувајќи дека дронот паднал поради „остар маневар“.

Москва објаснува дека руските ловци забележале американско беспилотно летало како се приближува до руската граница во „подрачјето на полуостровот Крим“.

Во него се наведува и дека дронот летал „со исклучени транспондери“ и дека „го прекршил привремениот режим на користење на тој воздушен простор воспоставен поради специјална воена операција“ во Украина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен