Данска презеде посебна одговорност повторно да го изгради Миколаив, град на брегот на Дњестар кој беше разрушен од бомбите и гранатирањето на руската армија, соопште денеска амбасадорот на Данска во Украина Оле Екберг Микелсен.
Во изјавата пред рушевините на админстративната зграда на Миколаив, амбасадорот Микелсен изјави дека народот на Данска, во име на храброста и на пркосот на граѓаните на Украина и Миколаив, ќе ја помогне повторната изградба на овој град, кој според градоначалникот треба да биде Данска на црноморскиот басен, иновативен, компетитивен и „зелен“.
Denmark has taken on a special responsibility to rebuild the city of Mykolaiv in Ukraine. Hear 🇩🇰 Ambassador to Ukraine Ole Egberg Mikkelsen tell more 👇 pic.twitter.com/tQQ5UxE1h6
— Denmark MFA 🇩🇰 (@DanishMFA) March 15, 2023