Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: 2022 година ја завршивме со историски рекорд на странски директни инвестиции

Минатата 2022 година според официјалните бројки на Народна Банка на Република Северна Македонија сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за 24инфо.

– Ова е уште една потврда дека оваа Влада гради економија и систем во кој предвидливоста во даночната сфера, се поголемата интегрираност во меѓународните синџири на снабдување и воведувањето на најновите модели на едукација/квалификација/преквалификација го даваат очекуваниот резултат. Дополнително ако го земеме фактот дека за овие инвестиции не е потрошени ниту еден денар од парите на граѓаните за промоција и скапи роад шоуа, туку преку градење на предвидлива економска политика, се постигнати резултати, кои долгорочно ќе одржуваат економска стабилност, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека Владата ги презема сите неопходни мерки со цел привлекување на високо квалитетни странски инвеститори, кои создаваат производи со поголема додадена вредност и на крај исплаќаат и повисоки плати.

– Очекувам трендот од 2022 кога од квартал во квартал имаше константно последователно зголемување на приливот на СДИ да продолжи и во оваа 2023 година, кога можеби и ќе ја пречекориме психолошката граница од 1 милијарда СДИ во една календарска година, рече Битиќи.

Најново