Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хаос во Париз, полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои дивеат низ градот

Штрајкот на синдикатите кои се против владините пензиски реформи во нафтените рафинерии во Франција трае веќе трета недела, а магацините за гориво исто така се блокирани.

Производството прекина во две најголеми француски рафинерии и ги принуди други три да работат со намален капацитет. Останатите две во моментов се затворени поради поправки.

Ова значи дека околу 17% од сите бензински пумпи низ целата земја сега се без барем еден производ, соопшти Француската нафтена асоцијација (UFIP).

Бретања и Нормандија на север и голем дел од областа околу брегот на Средоземното Море се особено тешко погодени од недостигот.

Штрајковите во транспортниот, авиопревозот и енергетскиот сектор продолжуваат да го отежнуваат патувањето. Студентскиот синдикат УНЕФ соопшти дека влезовите на 20 универзитети, вклучувајќи го Сајенс По (Sciences Po) и делови од Сорбона во Париз, се блокирани.

На протестите во Марсеј и во другите градови имаше уште помалку демонстранти од претходно. Шарл де Курсон, од опозициската партија Лиот, изјави дека француските власти треба да извлечат поука од ситуацијата во Израел, каде владата под притисок на јавноста ја стопира контроверзната судска реформа.

Утрово протестите почнаа мирно во повеќе градови, но подоцна дојде до судири.

Претседателот Макрон тврди дека се потребни реформи за да се балансираат државните финансии. Синдикатите и опозицијата сметаат дека постојат и други решенија.

Милиони луѓе протестираат и штрајкуваат од средината на јануари против оваа реформа. Но, фрустрацијата на јавноста се претвори во поширок протест против Макрон.

Протестите се интензивираа откако владата со декрет ја наметна пензиската реформа, заобиколувајќи го Парламентот. Во четвртокот, последниот ден од големите протести, анархистите од групата Црн блок искршија излози на продавници, автобуски постојки и уништија ресторан на Мекдоналдс во Париз, а слично насилство имало и во другите градови.

Станува збор за едно од најлошите улични насилство во земјата во изминатите години, што потсетува на протестите на Жолтите елеци за време на првиот мандат на Макрон.

Зачлени се на нашиот е-билтен