Европска акција на Маричиќ и колегите од СЕП на Денот на планетата земја

Првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, по повод Денот на планетата земја, заедно со своите колеги денеска засадија млади дрвца околу Секретаријатот за европски прашања.

„Веруваме дека секоја наша мала акција прави голема разлика. Нашите заеднички напори не само што придонесуваат за поубава околина, туку и ја симболизираат нашата посветеност кон зачувување на планетата земја за идните генерации“, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Маричиќ порачува дека секоја мала акција прави голема разлика. Како и дека вработените во Секретаријатот за европски прашања ќе продолжуват да даваат приоритет на одржливите практики, охрабрувајќи ги другите институции да се придружат во овие иницијативи.

„Заедно, чекор по чекор, создаваме поубава и позелена иднина за сите. Честит ден на планетата земја“, порача Маричиќ

Треба да знаете
Moже да ве интересира