Истражувачката анализа на порталот Фактор.бг од Софија, со наслов „Орце Камчев – темно петно на лицето на Бугарија“, објавена денеска, тргнува од констатацијата дека решението на Министерството за финансии на САД да го стави на црниот список за санкции најбогатиот македонски бизнисмен отвора многу прашања не само во Северна Македонија, туку у во Бугарија којашто е членка на ЕУ.
Првата конекција на Камчев со Бугарија, порталот за гледа во предлогот што во 2019 година беше доставен до македонските власти Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугаријаод тогашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, силно поткрепен од тогашниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Предлогот беше бргу отфрлен од тогашната Влада на Северна Македонија предводена од Зоран Заев, пишува Фактор.бг, заради отпочнатата истрага за перење пари, злоупотреба на службени овластувања, шверц и злосторничко здружување.
Таа истрага подоцна, потсетува Фактор.бг, резултираше со отворање на обвинителни акти и судски постапки како што беа „Империја“ и „Рекет“, во кои Орце Камчев осуден како виновен, а јавноста, пишува бугарскиот портал, го препозна Камчев како „благајникот“ на поранешниот премиер, сега во бегство, Никола Грувески и на неговиот братучед и поранешен шеф на македонското разузнавање Саѓо Мијалков.
Камчеви и Мијалкови, потенцира Фактор.бг, се пријателски семејства кои се на власт во Македонија до 2017 година.
Подоцна Орце Камчев е прогласен за виновен и во предметот „Парцели на Водно“, потсетува порталот Фактор.бг, и прашува во каква ситуација ќе се најдеше Бугарија денеска доколку во 2019 година Камчев беше проглсен за почесен конзул. Порталот пишува дека дури и со ограничен имунитет каков што овозжува статусот, Камчев како почесен конзул ќе го избегнеше затворот во Македонија, а за Бугарија и за тогашната политичка елита тоа ќе претставуваше темно петно на меѓународен план.
Порталот во својата анализа укажува и на улогата на Камчев во актуелните македонско-бугарски односи и наведува дека македонскиот бизнисмен ги помагал клубовите на Бугарите во Македонија, особено на „Иван Михајлов“ во Бугарија со отстапување на простории за користење во Стпанска Банка – Битола, како една од компаниите на неговиот холдинг.
Фактор.бг за улогата на Орце Камчев во влошувањето на македонско-бугарските односи во последните две години посочува на индициите од „протечените“ аудио записи од 2021 година во кои можеше да се чуе разговор на Мицкоски во кој се споменува Орце Камчев. Порталот укажува дека во снимката можеше да се чуе дека Камчев ги платил сметките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за возврат партија се бори да не му се суди во случаите на СЈО.
Во врска со финансирањето на политичките партии бугарскиот портал Фактор.бг посочува на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со „црниор список“ на САД и ставањето на Орце Камчев на таа листа, во која таа вели дека со законот Магницки кој му дава основа на американскиот претседател да санкционира, „ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани во некои од овие активности со лицата кои се санкционирани од Министерството за финансии на САД и тоа може да биде утврдено“.
Фактор.бг во својата анализа ги опфаќа и зделките и конекциите на Камчев и со некои од руските олигарси во Македонија, како Самсоненко, на пример.
Својата анализа порталот ја завршува со листа од 5 прашања за кои ги повикува надлежните да дадат одговори.
За македонската јавност посебно интересни се прашањата 4 и 5. Под број 4 Фактор.бг прашува каква е логиката бугарската држава за свој почесен конзул да предлага личност која финансира и има влијание во партија којашто практикува „пештерски антибугаризам“ и ги блокира односите на двете држави, особено заради фактот што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ лично признава дека Камчев ја финансира наговата партија и кој цела година ги плаши македонските граѓани со „бугарски диктат“, „бугарски фашизам“ и „бугарско негирање на идентитетот“.
Во петтото прашање порталот Фактор.бг ги повикиува бугарските специјални служби да ги проверат „допрените гласови“ дека некој во Бугарија добил или му биле понудени 15 милиони долари Орце Камчев да биде предложен за почесен конзул на Бугарија во Македонија.