Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Масивна организација на СДСМ во еден ден: 8-мартовски марш, конгрес за поддршка на Пендаровски и собрани над 20 илјади потписи

СДСМ денес го одржа својот осмомартовскиот марш во Кавадарци со над шест илјади граѓани, каде што се одбележаа неколку важни настани, 8-ми март Меѓународниот ден на жената, 25 години од постоењето на Форумот на жени и 80 години од формирањето на АФЖ во Македонија.

На маршот се обратија претседателот Ковачевски, како и останати високи функционерки и функционери од партијата, а во исто време, останатите поддржувачи на владејачката партија кои не маршираа во Кавадарци побрзаа до канцелариите на ДИК за да ја дадат својата поддршка за вториот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

За неполни пет часа, претседателот Пендаровски успеа да ги собере потребните 10 илјади потписи, а во текот на денот за неговата граѓанска кандидатура се потпишаа над 20 илјади граѓани.

Вечерва, владејачката СДСМ ќе одржи Конгрес, на кој се очекува да се даде поддршка на граѓанската иницијатива на Пендаровски, а според најавите, на Конгресот за да се заблагодари за поддршката ќе се појави и лично претседателот Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен