Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од каде произлегува хибридната војна?

Од каде произлегува хибридната војна? Како теорија преземена во академска смисла некаде 2013’та се формулира теоријата на Герасимов.

Имено, Герасимов е началник на рускиот генералштаб, чинам, иако еден период беше ранет, можеби е повлечен, не ме фаќајте за збор, кој практично зборуваше за ефектите кои може да ги имаат оние други, таканаречени „меки“ средства кои практично се базираат на поткопување на либералните вредности како такви затоа што либералните вредности се со уште поголеми темели на нашите општества, од оние физичките кои се поставени.

Но, и тоа не е ново зашто Герасимов својата доктрина ја наследи од Примаков, поранешен министер за надворешни работи на бившиот СССР, вели проф. Весна Попоска, Универзитет „Визион“, Гостивар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“.

„Исто така, и на другата страна, на западниот блок, условно кажано, или на НАТО блокот, се разви таканаречениот „DIME концепт“ (Diplomacy, Information, Military and Economic), тоа се четирите сегменти на национална моќ така што паралелно одеше тој процес“, вели таа.

Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Целото интервју може да го проследите ТУКА:

(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен