Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Актуелната методологија обезбедува историски најголем и континуиран раст на пензиите, политички мотивираните протести не се решение

Во разговор за Рацин.мк министерката за труд и социјална политикаТренчевска вели дека протестите не се решение, ниту притисокот, ниту манипулациите со кои се мотивираат пензионерите да протестираат, и дека актуелната методологија обезбедува историски најголем и континуиран раст на пензиите.

Во насока на тоа колку се реални и основани барањата за зголемување на пензиите што ги најавија одделни групи пензионери во неколку градови во земјата, побаравме став и коментари од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која за Рацин.мк изјави дека се покажа дека „после една година од нејзиното усвојување заклучок е дека новата методологија за усогласување на пензиите, односно раст на пензиите е најреална затоа што ги следи двата клучни индикатори: трошоците за живот и просечната плата“.

– За сметка на оваа нова Методологија пензиите растат во континуитет. Да потсетам дека со претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9 отсто, а со новата, актѕуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто, истакнува во изјавата министерката Тренчевска.

Таа потсетува дека во Септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто и дека според моменталната проекција за септември 2023 година најавува раст за најмалку  6 отсто.

– Тоа е раст на пензиите од околу 21 отсто, или раст за околу 24 отсто од јануари 2022 до септември 2023 година. Односно за времето од овој владин состав. Посебно треба да се истакне  дека пензиите редовно се исплаќаат без задоцнување, што преставува основен и сигурен извор за егзистенција на корисниците на пензија, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Да неведеме дека во 2017 година најниската исплатена пензија беше во висина од 8.571 денари, а просечната 13,954 денари. За споредба, во јуни 2023 година најниската исплатена пензија изнесуваше 12,500, а просечната исплатена пензија достигна 19,106 денари.

– Растот е очигледен, но е и мотивирачки да продолжиме напред. Пензионерите се наш приоритет. Секоја наша акција го докажува и покажува тоа. Една од првите мерки кои ги реализира Владата беше токму донесување на новата Методологија за гарантирање на постојан раст на пензиите. Токму во соработка и континуиран дијалог со Здружението на пензионерите дојдовме до  решение, а тоа е пензиите да се усогласуваат со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, нагласува во изјавата за Рацин.мк министерката Тренчевска.

Со пензинерите разговараме и за воведување на минимална пензија. Тоа е ставено на маса и двете страни интензивно го дискутираат. Но ставени се и други предлози кои пензионерите ги иницираат како проблеми со кои се соочуваат поради растот на цените на производите, инфлацијата и економската криза, како и за предизвиците со кои се соочуваат и потребите кои им се приоритетни, посочува министерката за труд и социјална политика.

Таа укажува на тоа дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ за линеарно усогласување на пензиите, а такво усогласување не постои ни во земјите на нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји.

Министерката за труд и социјална политика вели дека со поензинерите е во постојан и отворен дијалог за повеќе прашања од нивни интерес.

– Со пензинерите разговараме и за воведување на минимална пензија. Тоа е ставено на маса и двете страни интензивно го дискутираат. Но ставени се и други предлози кои пензионерите ги иницираат како проблеми со кои се соочуваат поради растот на цените на производите, инфлацијата и економската криза, како и за предизвиците со кои се соочуваат и потребите кои им се приоритетни, посочува министерката за труд и социјална политика.

Тренчевска вели дека протестите не се решение, ниту притисокот, ниту манипулациите со кои се мотивираат пензионерите да протестираат.

Протестите се политички поттикнати и мотивирани

– Протестите се политички мотивирани. Повеќе од очигледно е дека се поттикнуваат да наметнат мислење и креираат тензична ситуација во период кога јасно се гледа грижата за секој граѓанин во државата, посебно кога е очигледна грижата за пензионерите.

– И не говориме само за методологијата за раст на пензиите независно од политичката волја.  Говориме и за  исплатениот пакет ипакет интервентна финансиска помош за пензионерите по 1000 денари за три месеци и тоа во месеците април, мај и јуни, а со цел  подигнување на стандардот на корисниците на пензија и ублажување на последиците кои предизвикаа ценовен шок, нагласува Тренчевска.

Со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската кризи беа офпатени корисници на право на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, добиваа износ од 1.500 денари месечно, корисници на пензија чија висна на пензија е од  11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување кои добиваа финансиска помош од 750 денари месечно . Овој вид на финансиска помош се исплаќаше за 4 месеци.

– Лично сум убедена дека покачувањето еднократно од 3 500 денари не носи гаранција за стабилен раст на пензиите и сигурност на највозрасните граѓани на нашата земја. Тоа не навраќа во 2014 година, кога редовното законско усогласување беше ставено вон сила и се вршеше линеарно усогласување во фиксен износ од 600 денари еднаш годишно, потсетува Тренчевска.

Сегашната методологија за раст на пензиите, со која за една година се зголемија пензиите за 24 отсто е неспоредливо подобра од еднократните интервенции во 2015 година со фиксен износ од 621 денар и истоа така еднократно во 2016 година со 654 денари.

Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на Здруженија на пензионерите, вели дека со посебно внимание ги следат случувањата во врска со протестите на група пензионери за зголемување на најниските пензии. Со цел да се обезбеди целосна информираност на пензионерите за фактичката и правната состојба во врска со нивниот статус, Сојузот изготви низа препораки и мислења.

– Особено внимание посветуваме на нашите корисници кои примаат ниска пензија, и затоа периодот работиме на предлози и Методологија со која ќе седнеме на преговарачка маса со надлежните институции и ќе креираме услови за воведување на минимална пензија, како сигурна алатка за достоинствен живот на пензионерите, ни рече Трајкова.

Таа укажува дека од соработката со Министерството за труд и социјална политика изминатиот период  произлегоа низа активности кои имаат за цел подобрување на материјалната положба на корисниците со ниски пензиикако што беше соодветната тримесечна  парична помош, субвенционирањето на електричната енергија, пакети со прехранбени производи, ослободувањето од плаќање на партиципација за болничко лекување за корисници на пензија чии примања изнесуваат до 14.500 денари и други погодности за пензионерите

Претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова уште вели дека пласирањето погрешни информации креираат забуна кај членови пензионери и дека претстои период кога секој од претседателите на локалните Здруженија на пензионерите ќе биде почесто на терен, ќе разговара со корисниците, ќе креира нова листа на препораки и потреби на корисниците за да започне нов поинтензивен дијалог со Министерството за труд и социјална политика.

Претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова

– Јас и самата сум пензионер, верувај секој од нас го гледа и бара најдоброто решение за пензионерите, и овозможувањето на достоинствен живот продолжува да биде наша главна цел, Претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова.

Од Партија на пензионерите, излегоа со соопштение во кое наведуваат дека со загриженост ги следат манипулациите кои поттикнуваат на протести, особено во врска со искажаните заложби за враќање на начинот на усогласување на пензиите како во време на владеење на ВМРО –ДПМНЕ.

„Искажуваме загриженост дека оваа политичка партија повторно со манипулации се обидува да придобие наклоност неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите. Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите“, се вели во соопштението што го објави Партијата на пензионерите.

Во него уште се наведува дека според нивните анализи, компарирани со решенија што се применуваат во пензиски системи слични на нашиот, сегашниот модел на усогласување на пензиите кој ги следи трошоците на живот и пораст на платите е најреален и најповолен за сите корисници за пензија, со забелешка дека треба да се изнајде поповолно решение за корисниците на минимални пензии.

Зачлени се на нашиот е-билтен