Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Георгиевски за „Полиграф“: Ширењето дезинформации е страшно олеснето, очекувам медиумите да проверуваат сè што ќе објават

Што можат да направат медиумите и новинарите за подобро справување со странските малигни влијанија и дезинформации? За ова прашање, Полиграф разговараше со Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите, кој неодамна го промовираше  „Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“.

Полиграф: Повеќе меѓународни и домашни институции и организации укажуваат на зголемено присуство на странски малигни влијанија и дезинформации. Што можат медиумите, но и новинарите, да направат за поуспешно справување со овие влијанија и дезинформации?

Георгиевски: Значи вака: прво, прашањето на дезинформации и на влијанија, домашни, странски, политички, економски, културни, општествени, социјални, како сакате кажете ги – не се нова работа. Променет е само контекстот, во кој што ширењето на таков тип на лоши, погрешни, злонамерни информации, односно дезинформации, мисинформации и малинформации е страшно олеснето.

Што можат медиумите? Јас не би си давал за слобода да им кажувам на медиумите, мора да направите вака или вака. Она што јас го очекувам, не само како претставник на Центарот за развој на медиумите, туку и како медиумски консумент, како потрошувач на медиуми и информации е, сè што ќе објават да биде проверено, да биде верификувано, да проверат кој е изворот, да проверат за кого се работи и кој ја шири или лиферува одредена информација.

Знаеме дека организациите, луѓето коишто се занимаваат со проверка на факти и верификација на информации, по нивното објавување често се соочуваат со серија обвиненија. Знаеме дека таа област на проверка на информации стана самата по себе конфликтно поле, каде што, нели, обвинувањето за пристрасност е некако најлесно прифатливо. Најтешкото обвинување што го слушаме е дека тие се обидуваат да цензурираат некого. Меѓутоа, јас мислам дека сите тие работат корисна работа, затоа што во крајна линија, јавниот интерес во областа на информирањето е јавноста, публиката да ги има вистинските, коректните, точните информации и да знае од каде тие информации потекнуваат.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

(СМК)

Зачлени се на нашиот е-билтен