Шок за граѓаните: Дизелот ја надмина границата од 100, а супер БС-98 достигна 99 денари

дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,829%, кај дизелот за 8,922%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 11,644%  и кај мазутот исто така има зголемување за 4,163%.

Во оваа Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 8.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 95                            97,00  (денари/литар)

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 98                            99,00  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       101,00  (денари/литар)

Масло за горење             Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        105,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                    46,001 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.9.2026 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?