Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фондација Заев: Поддржавме кичевски младинци кои од чекорење создаваат електрична енергија

Со поддршка на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ реализиран е уште еден проект како дел од младинското, инвентивно и корисно ангажирање.

Ива, Матео, Јована, Стефан и Влатко се ученици во кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“,заедно со нивниот ментор, професорката по хемија Роза, и стручниот ментор – Софија Стојаноска, го реаализираа групниот проект „Од чекор до електрична енергија“.

Станува збор за проект кој опфаќа поплочување на малиот училишен ходник со специјалните плочки „Pavegen“, кои, со секојдневното чекорење на учениците и вработените во училиштето, ќе овозможи месечно производство на 720 kWh електрична енергија и годишна заштеда од 64.800 денари.

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ одлучи со дополнителна финансиска донација да ја помогне целосната реализација заедно со поддршката од глобалниот проект на УНИЦЕФ-UP-SHIFT, поддржан од Шведската Влада и Фондот за иновации и технолошки развој, а под покровителство на организацијата LEAD (Leaders for Education, Activism and Development).

Во соопштението Фондацијата им изразува честитки на кичевските средношколци и на нивните ментори и се истакнува дека тие ја заслужија безрезервната поддршка за проектот „Од чекор до електрична енергија“, особено што го реализираат во време на глобална енергетска криза.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново