Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи Годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
Настанот ќе започне во 9 часот во хотел „Дабл Три Хилтон“ во Скопје, а на него се најавени обраќања на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на евроамбасадорот Дејвид Гир, како и на в.д. претставничката на УСАИД во земјава, Дон Кармин.