Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лиридона Беќири: Злоупотребата на туѓото знаме го намалува нашето

„Знамето е симбол на гордоста на една нација, а злоупотребата на туѓото знаме го намалува нашето. Вистинскиот патриот покажува почит кон сите. Почитувајќи ги другите, се почитуваме себеси“, напиша на социјалните мрежи Лиридона Беќири, извршна директорка на ЕЗРА,  Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на жените.

Во својата објава како реакција на настаните на кои се сквернавеше македонското државно знаме, таа напиша дека „актите кои ги загрозуваат универзалните вредности за почит, разбирање и меѓусебна благосостојба мора да бидат осудени бидејќи во спротивно губиме дел од нашиот колективен идентитет“.

Секоја политичка рамнодушност во овој пристап, истакнува Лиридона Беќири, го нарушува општествениот договор и значи непочитување на владеењето на правото.

„На нашата земја и требаат силни институции, достојни морално и интетрелектуално подготвени, храбро и ефикасно судство, но пред сѐ општествена свест што ги почитува различностите меѓу нас“, пишува во својата реакција Лиридона Беќири, извршна директорка на ЕЗРА,  Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на жените.

.

Зачлени се на нашиот е-билтен