Македонските фудбалски репрезентативци вечерва против Летонија ќе се обиде да го запечати првото место на табелата во Лигата на нации.
Репрезентативците od 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје треба да обезбедат само еден бод за потврда на првото место во групата 4 од лигата Ц во Лигата на нации, со што ќе обезбедат пласман во посилната лига Б во следниот циклус.
Во првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации, во Летонија, Македонија славеше со 0:3.
Селекторот Благоја Милевски избра офанзивен состав за овој натпревар со Димитриевски на голот, Алиоски, Зајков, Серафимов и Димоски во одбраната, Бари и Алими во средината, Елмас и Чурлинов на крилата и Трајковски и Миовски најистурени во нападот.