Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Основка од скопската населба Бит Пазар била жртва на уцена од страна на свои соученици, кои ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не им предаде пари. Од страв и под силен психолошки притисок, девојчето повеќепати одземала пари од својот дом, а вкупната сума достигнала дури 25.000 евра.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје од нејзиниот татко, 52-годишен скопјанец, во петокот, нешто по полноќ. Според информациите на МВР, двете малолетни лица подолго време вршеле притисок врз соученичката со експлицитни закани дека ќе му наштетат на нејзиниот брат, што резултирало со сериозни последици по семејниот буџет и психичката состојба на жртвата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и разговори со инволвираните малолетници, нивните родители и стручни служби во училиштето.

Зачлени се на нашиот е-билтен