[Галерија] Младите знаат креативно да им дадат „живот“ на јавните простори

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3 март се одржа првото издание на „Сепак се врти“, потполно независен DIY фестивал на колективот „Гола Планина“, за кој велат дека му пркоси на зачмаеното стоење во место со музика и другарство.

„Додека градот се дави во сопствената статика, овој фестивал е тука да докаже дека светот не се врти околу скопската ентропија“, изјавија од „Гола Планина“.

Присуството беше бесплатно, а во музичката програма настапија: АТА, Црно Собрание, Conspiracy, Ендемски Вид, Јоана Ристеска, Кокиче, Кенопсија, КЕМ, Lost in Reverie, Огнен Златанов, Peach Vice и Vagina Corporation.

Фотографии: Надица Ангеловска

Треба да знаете
Moже да ве интересира