Од конференцијата на ЦИВИЛ: Дезинформациите се закана за стабилноста на државата, затоа е потребна борба против нив

Во организација на ЦИВИЛ во Скопје се организираше меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ каде зборуваа реномирани домашни и меѓународни експерти.

На четвртиот панел каде тема беше посветеноста на демократијата, човековите права и медиумските слободи, едногласно беше заклучено дека дезинформациите се закана за демократските вредности но и за државите во развој и дека е потребна постојана и посветена борба против нив.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и анализи истакна дека дезинформациите предизвикуваат насилство, говор на омраза и подгревање на меѓуетничките тензии.

„Ние веруваме дека борбата против дезинформациите треба да биде мејнстрим. Да бидеме искрени граѓанските организации и факт чекерите ја вршат работата но не можат да ги покријат медиумските куќи кои се во мејнстримот. Видовме кои се резултатите од дезинформациите за време на преспанскиот договор и неговото потпишување, видовме какви насилни протести тоа предизвика, а да не говориме за претходната година што се случи со пропагандата и резултираше со напад на Собранието на 27 април. Такви дезинформации предизвикуваат насилство говор на омраза и подгревање на меѓуетничките тензии“ порача Сарачини.

Експертот за управување со конфликти, Едвард Џозеф, истакна дека Северна Македонија е заложник на етно националистички проблеми за кои не е виновна.

„Се постигна Преспанскиот договор со кој се поддржува суверенитетот и се заштити јазикот, по што се продолжи кон НАТО. Сега имате вето од Бугарија, која не се придржува до Договорот за пријателство, јасно е дека пречката не е во земјата“ порача тој.

Олха Данилиук , новинарка во украинската Волина Газетапанел, истакна дека поради состојбата во нејзината земја и поради недостиг на финансии, почнале да се создаваат таканаречени новинарски пустини односно простор кој не е медиумски покриен и тоа се злоупотребува од трети страни.

„Поради недостаток на финансии, се создаваат новинарски пустини, а тоа значи дека луѓето во одредени региони немаат пристап и не можат да дознаат ниту да сфатат што се случува. Северните делови, кон Белорусија, немаат пристап кон украинските медиуми. Луѓето таму мораат да слушаат белоруска пропаганда“

„Не смееме да престанеме да создаваме сојузи во борбата за човековите права и слободи“, порача на панелот Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар од Косово.

„Зборуваме за дезинформации и и треба да препознаеме дека Западен Балкан не може да биде обичен бизнис. Кога зборуваме за ЕУ треба да се преземат силни чекори и одлуки за да се случи тоа. Ако ја препознаеме заканата тогаш треба да постапуваме посмело и побрзо. Во меѓувреме губиме една генерација на млади луѓе кои што можат да ја засилат демократијата во нашата земја. Kолку ова трае толку повеќе трае помалку демократија ќе имаме повеќе авторитативни општества“ кажа Истрефи.

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива Цивил – центар за слобода со поддршка Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

Зачлени се на нашиот е-билтен