Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Студентите и пензионерите ќе можат да работат без да ги изгубат стипендиите и пензиите

Земјоделци, угостители, хотелиери и домаќинства ќе можат да ангажираат сезонски или повремени работници, но само ако тие се пријавени во Агенцијата за вработување и им се платени соодветните даноци и придонеси.

Според новиот Предлог-закон за работно ангажирање, кој во Собранието го поднесоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, студентите, пензионерите, невработените и корисниците на социјална помош ќе можат да работат без да ги изгубат своите права на стипендија, пензија или надоместок за невработеност и социјална заштита. Законот има цел да ја намали неформалната работа и да го зајакне владеењето на правото.

Сезонски работници ќе можат да се ангажираат во земјоделството, шумарството, рибарството за активности како садење, жнеење, берење овошје, сточарски работи и одржување на шуми.

Во угостителството и хотелиерството, ќе можат да се вработуваат келнери, шанкери, готвачи, собари, мијачи на садови, доставувачи на храна, аниматори и хостеси.

Домаќинствата ќе можат да ангажираат работници за чување деца, нега на стари лица и чистење.

Работодавачите ќе можат да вработуваат сезонски работници најмногу 120 дена во календарската година, а работниците ќе можат да бидат ангажирани директно или преку Агенцијата за вработување, но не и преку приватни агенции.

Повеќе за ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА на следниот линк

Зачлени се на нашиот е-билтен