Во реката Вардар кај село Таор, општина Зелениково, пронајдено е тело на почината жена.
Според информациите од СВР Скопје, на 9 јануари 2025 година во 11:15 часот било пријавено дека телото било заглавено меѓу гранки покрај стариот пат кон село Пакошево.
Екипа од Одделот за специјални полициски операции при МВР го извлекла телото, кое, по наредба на јавен обвинител, е предадено на обдукција.
Истражните органи продолжуваат со утврдување на околностите поврзани со случајот.