Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, организиран протестен марш со почетна локација пред Универзална сала во Скопје каде што беше усмртена младата Фросина Кулакова. Протестниот марш почнува во 16:30 часот.
„Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин! Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции!, се вели во соопштението од „Кој е следен“.
Приоретни барања, како што најавуваат, ќе бидат безбедни улици и градови, неселективен правичен систем.
„Истакнувањето на барања е политички акт, но тоа не значи дека некоја партија треба да го преземе и да манипулира со граѓанската борба! Секој оној што се обидува да го поткопа протестот со теории на заговор дека е платен од некого, нека знае: за протест пари не се потребни. За хамер и фломастери за плакатите – имаме“, стои во соопштението.