Кикл го врати мандатот за влада, Австрија пред нови политички предизвици

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл денеска го врати мандатот за формирање влада на австрискиот претседател Александар ван дер Белен.

Кикл мандатот го врати откако пропаднаа коалициските разговори помеѓу ФПО и Австриската народна партија (ОВП).

Поради тоа Австрија сега се можни неколку сценарија: продолжување на преговорите за тројна коалиција, формирање експертска влада или нови избори.

Се очекува претседателот Белен во текот на денот да даде официјална изјава. 

Зачлени се на нашиот е-билтен