Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат во Македонија и колку пари потрошил

СДСМ, денеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да биде транспарентен и да ја информира јавноста ‘кои се компании од САД што ги убедил да инвестираат во Македонија’, но, да каже и колку пари потрошил за летот и престојот и за ‘ПР фарсата пласирана пред македонските граѓани’.

„Нека излезе ВМРО-ДПМНЕ и нека каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат откако претседателот Трамп потпиша указ за оданочување на оние американски компании кои ќе инвестираат во странство. Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде мисија од висок ранг, но за жал ДПМНЕ го претвори во евтина ПР фарса од која не знае како да се извади. Неговото присуство се сведе на партиски митинг од каде што на монитор ја следеше инаугарицијата“, велат во СДСМ.

Социјалдемократите тврдат дека премиерот „џабе“ одлетал преку барата“ затоа што не остварил ниту една важна средба за граѓантие и државата.

„Не видовме ниту една официјална средба, изостанаа средби со светски лидери, со високи дипломати. Никаде не беше истакнато македонското знаме, во ниту една официјална институција не беше примен премиерот Мицкоски. Јасно е дека дипломатски и политички ништо не се постигна“, велат во СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен