ССМ: ВМРО ДПМНЕ ровари, го сака Живко Митревски на местото на актуелниот претседател Трендафилов

ССМ одговори на притисокот, работниците ќе протестираат или ќе одржуваат седници на претседателството на отворено пред државни институции во текот на наредниот месец, ако нема повисока минимална плата. Ваквата информација денеска на прес конференција ја објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

„Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седници на Претседателството и на највисоките раководства ќе се одржат на отворено пред работодавачите и пред Владата како што го правевме и претходно на претходната Влада. Како што направивме и минатата година на 2 и 7 април и на 1 мај доколку нема слух од спротивната страна да излезе на протести како што беше случај минатата година и да покажеме дека ние работниците ја враќаме работничката класа на голема врата “, реле Трендафилов.

Тој ги отфрли обвинувањата на владејачката ВМРО ДПМНЕ дека е во дослух со СДСМ.

„Често имам средби и со пратениците од владејачката коалиција на кои се дискутира за положбата на работниците. Јас не сум нивен, на ВМРО – ДПМНЕ, меѓутоа не сум ни на другите на СДСМ, Левица или ДУИ како што сакаат да кажат. Јас сум на работниците и на ССМ“ рече Трендафилов.

Трендафилов ја обвини власта дека се обидува да го инсталира Живко Митревски, кого го окарактеризира како партиски послушник, на челото на ССМ.

„ Ако сакаат такви лидери да вратат за да молат и за да коленичат пред политичките фигури и пред функционерите во државата се со една цел Владата да ги постави да бидат лидери на ССМ, ќе потсетам, во работничкиот дом ССМ забрането е пушењето“, кажа Трендафилов.

Од ССМ порачаа дека очекуваат на утрешната седница на Влада да се именуваат новите членови на Комисијата која треба да ја потврди репрезентативноста на Синдикатот.

Владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес во соопштение до јавноста го окарактеризираа Трендафилов како претседател на општински штаб на опозициска партија.

Судирот меѓу Владата и синдикатите настана откако барањето за 450 евра минимална плата не беше прифатено како и можноста минималецот да биде 500 евра а Владата да ја субвенционира разликата од минималецот, кој законски ќе се покачи за само 1.800 евра и ќе изнесува 24.400 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен